ЦУК

Изгаснати 13 пожари, два сè уште се активни и еден е под контрола

27.07.2024 10:05

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 16 пожари во последното деноноќие, од коишто изгаснати се 13, а два сè уште се активни и еден е под контрола...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 16 пожари во последното деноноќие, од коишто изгаснати се 13, а два сè уште се активни и еден е под контрола.

Двата активни пожара на отворено се: кај с. Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје „Јасен“ од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“. Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од 4 пожарникари на ТППЕ, осум (8) вработени од „Јасен“, и еден (1) вработен од ЕЛС, каде што гори борова шума и на планината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон с. Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“, каде што гори ниска вегетација.

ЦУК информира дека под контрола е еден (1) пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с. Слоештица и с. Брежани и с. Плаќе. Дејствуваа од воздух, два (2) „ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, каде што гори ниска вегетација.

Изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во општините:

Студеничани кај с. Горно Количани (3 ТППЕ 2 НШ) (нискостеблеста шума);

Крушево, кај с. Алданци (4 ТППЕ) (ниска вегетација);

Струмица 1, покрај ул. „Снадо Масев“ (3ТППЕ)(напуштени простори);

Струмица 2, кај с. Просениково (3 ТППЕ) (ниска вегетација);

Василево, кај с. Пиперево (6 ТППЕ) (ниска вегетација);

Дебар, кај с. Броштица (2 ТППЕ) (нискостеблеста дабова шума);

Кичево кај с. Србица м.в. „Маркулија“ (8 ТППЕ) (стрниште);

Куманово, кај с. Агино село (2 ТППЕ) (ниска вегетација и стрниште);

Старо Нагоричане, кај с. Жеглане (2 ТППЕ) (стрниште);

Виница (6 ТППЕ) (помошна просторија);

Делчево кај Делчево (1 лице) (градската депонија);

Јегуновце, кај с. Шемшово (15 ТППЕ) (плевна) и во

Брвеница, кај с. Чолопек и с. Милетино (3ТППЕ)(ниска вегетација).