АСЕАН

На највисоките дипломати им се приклучија САД и Кина

27.07.2024 10:35

Врвни дипломати од Југоисточна Азија се сретнаа во Лаос на разговори околу територијалните претензии во Јужното Кинеско Море...

Врвни дипломати од Југоисточна Азија се сретнаа во Лаос на разговори околу територијалните претензии во Јужното Кинеско Море, ескалацијата на борбите во Мјанмар и регионалното ривалство. На иста маса ќе седнат сојузниците на Здружението на нациите од Југоисточна Азија – вклучувајќи ги САД, Кина, Русија, Јапонија, Индија и Австралија – за да ги зајакнат односите и да разговараат за клучните безбедносни прашања.

„Со нетрпение очекувам да го подобриме она што е веќе силно, цврсто партнерство меѓу Соединетите држави и АСЕАН и да ги решиме најитните прашања на нашето време, особено оние кои имаат директно влијание врз животите на сите наши граѓани. Ние сме тука, одговорни пред нив“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.