Албанија

Македонците и другите малцинства во Албанија изразија огорченост поради изгласаната изборна реформа

27.07.2024 12:32

Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите незадоволни откако Парламентот на Албанија ги донесе измените во Изборниот законик...

Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите незадоволни откако Парламентот на Албанија ги донесе измените во Изборниот законик. Со нив, тие останаа без загарантирани пратенички места. Партиите обвинија дека воопшто не се земени предвид барањата на малцинствата што претставува удар врз демократијата во земјата.

„Советот на Европа, во својот петти мониторинг извештај за Албанија силно препорача нашата земја да креира позитивни политики за застапеност на малцинствата со загарантирани места во парламентот. Игнорирањето на оваа препорака е јасен показател за недостиг на волја за следење на европските стандарди и подобрување на демократијата во земјата“, се наведува во Декларацијата на Македонска алијанса за европска интеграција и на другите партии на малцинствата.