Шабац: Србија пее и игра за Македонија
06.07.2014 17:33
Традиционалната манифестација „Србија во ритамот на Европа“, годинава беше посветена на Македонија, а децата 10 месеци во Сомбор, Ниш, Крушевац и други 25 градови се подговуваа да настапат на финалната вечер-посветена на Македонија...

Во Шабац, Србија пееше и играше за Македонија. Над 2.000 деца од 12 градови во Србија, се собраа на плоштадот во Шабац да ја испеат македонската химна и како други македонски и српски песни.
Традиционалната манифестација „Србија во ритамот на Европа“, годинава беше посветена на Македонија, а децата 10 месеци во Сомбор, Ниш, Крушевац и други 25 градови се подговуваа да настапат на финалната вечер-посветена на Македонија.
„Сакаме да им испратиме порака на македонците-дека многу ги сакаме, цениме и почитуваме и да им посакаме да и тие следната година организираат ваква детска манифестација, која 6 год. по ред се одржува во Србија. Секако, специјален гост ни е македонската амбасадорка во Белград и голема чест ни е што се присатни градоначалниците на 12 градови кои учествуваат на манифестацијата. Вечерва уживајте и гледајте и бидете со Македонија на плоштадот во Шабац“, вели Игор Карадаревиќ-Извршен директор на манифестацијата Србија во ритамот на Европа.
Манифестацијата „Србија во ритамот на Европа“ која е подржана од 23 амбасадори од ЕУ, ја отвори македонската амбасадорка Вера Јовановска-Типко.
„2.000 деца ќе ја пеат македонската химна, ќе пеат македонски песни, ќе се играат македонски танцови и ора. Сето тоа ни ја пренесува пораката, дека маладите и младиот дух и елан ја промовираат и не потикнуваат на најдобар начин за развој на интеркултурален дијалог“, рече амбасадорката Јовановска- Типко.
Манифестација беше следена од повеќе медиуми, меѓу кои беше и Македонската Телевизија.
Оливер Бранковиќ
