МВР

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

27.07.2024 13:30

Вчера во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата...

Вчера во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

Притоа, спроведена била и сообраќајна контрола и санкционирани биле 28 возачи, а 15 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“. Исто така, вчера во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на општина Аеродром постапено е по планот „Безбедно лето 2024 година“.

При преземени мерки на повеќе локации констатирани биле 12 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а било приведено едно лице за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.