Газа
Израелски воздушен напад врз училиште во Газа
27.07.2024 14:29
Најмалку 30 луѓе загинале, а повеќе од 100 се повредени во израелски напад врз училиште во Деир ал-Балах...

На страдањата во Газа им нема крај. Најмалку 30 луѓе загинале, а повеќе од 100 се повредени во израелски напад врз училиште во Деир ал-Балах, во централниот дел на енклавата, соопштија палестинските власти.
Станува збор за област каде што се сместени голем број раселени лица. Многу од повредените биле со тешки повреди, па се очекува бројот на жртви да се зголемува.
