Свет
Мелони во официјална посета на Кина
27.07.2024 15:15
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во официјална посета на Кина за да ги промовира економските односи и да разговара за војната во Украина...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во официјална посета на Кина за да ги промовира економските односи и да разговара за војната во Украина, објавија кинеските државни медиуми.
Најавено е дека Мелони, која останува до среда, во Пекинг треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот Ли Чијанг за „главните меѓународни прашања, почнувајќи од војната во Украина“, а ќе го посети и Шангај, економската престолнина на Кина.
Ова е прва официјална посета на Мелони на Кина.
