Славјанск и Краматорск под контрола на украинските власти
Владата во Kиев оцени дека ова е најголемата победа од почетокот на операцијата. Сепаратистите тврдат дека не бегаат туку само ги смениле позициите за да го заштитат цивилното населението...

Источно украинските региони Славјанск и Краматорск повторно се под контрола на украинските власти. По повеќенеделни борби украинската армија успеја да ги заземе двете упоришта на проруските сепаратисти кои се повлекуваат во насока на доњецк. Владата во Kиев оцени дека ова е најголемата победа од почетокот на операцијата. Сепаратистите тврдат дека не бегаат туку само ги смениле позициите за да го заштитат цивилното населението.
„Министерството за надворешни и ќе продолжи за на бунтовнците и на оние што ги поддржуваа терористите и сепаратистите. Добро е што веќе почнаа да си заминуваат“, изјави Валери Хелетеј, министер за одбрана на Украина.
„Во текот на ноќта имаше пукање, но сега е мирно. Изутрината останаа само двајца напаѓачи, се слушнаа само неколку истрели“, рече еден жител на Славјанск.
Украина најави продолжување на офанзивата. Жестоки борби изминатата ноќ се воделе во Луганск во реонот кој е под контрола на украинските сили. Борбени дејствија имало и близу границата со Русија, област контролирана од проруските сепаратисти. Нема податоци за жртви, но најмалу 80 лица се повредени од кои 56-мина се цивили.
„Претседателот Порошенко подвлече дека нема да има едностран прекин на огнот. Тоа може да се случи само доколку терористите безусловно го предадат оружјето, ги ослободат заложниците и дозволат контрола на укринското руската граница со учество на меѓународните набљудувачи на ОБСЕ“, изјафви Андриј Лушенко, портпарол на Министерство за одбрана на Украина.
Рускиот министер за надоврешни Лавров побарал од германскиот и францускиот колега итно одржување состанок на меѓународната контакт група за Украина. Лавров е загрижен поради интензивирање на воената операција во источна Украина, што придонело за зголемување на бројот на цивилни жртви.
Маја Стојанова
