МВР
Се запали паркирано возило во Дебар
27.07.2024 15:35
Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица...

Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица.
„Вчера наутро, во 6:24 часот во Одделението за внатрешни работи-Дебар е пријавено дека на улицата Есат Мезелџиу во Дебар настанал пожар во паркирано патничко возило фиат браво сопственост на С.С.(48) од Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Тој додава дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. Истрагата околу причините е во тек.
