Свет

Индискиот премиер Нарендра Моди ќе ја посети Украина во август

27.07.2024 15:51

Индискиот премиер Нарендра Моди во август ќе отпатува за Киев, што ќе биде негова прва посета на земјата од почетокот на руско-украинската војна во 2022 година...

Индискиот премиер Нарендра Моди во август ќе отпатува за Киев, што ќе биде негова прва посета на земјата од почетокот на руско-украинската војна во 2022 година.

Моди најверојатно ќе ја посети Украина на 23 август, изјавија повеќе извори во дипломатските кругови во Њу Делхи, пренесуваат индиските медиуми.

Претходно оваа година, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Моди по телефон и го покани индискиот премиер да ја посети Украина.