Интервју со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска
27.07.2024 17:37
4,3 милијарди евра тежат девизните резерви на земјава, за 40 проценти повисоки од пред кризата. Денарот е стабилен – ова во интервју за Македонската телевизија го истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска. Државава до средината на септември ќе пристапи кон единствената европска база на плаќања. Еве што тоа ќе значи за македонските граѓани и компании. Сузана Фиданска-Стоевска разговара со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.
