Министерот Муцунски вети поддршка за Македонците од Егејот
Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, вчера го посетил седиштето на македонските здруженија од егејскиот дел на Македонија и им ветил поддршка во нивната борба за човекови права...

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, вчера го посетил седиштето на македонските здруженија од егејскиот дел на Македонија и им ветил поддршка во нивната борба за човекови права.
Според објавата на Македонското патриотско здружение В’мбел на социјалните мрежи, Муцунски изјавил дека и тој лично и македонските институции ќе реагираат кон меѓународните фактори и грчките институции за да се отстранат неправдите нанесени кон Македонците од Егејот.
Членовите на здруженијата го информирале министерот за намерата да побараат средби во грчката амбасада во Скопје, канцеларијата на Европската унија и Хелсиншкиот комитет, со цел да протестираат против последните забрани за влез во Грција на нивни активисти.
Најновиот случај се однесува на координаторот на здруженијата, Сотир Лукровски, кому му е изречена тригодишна забрана за патување во Грција, покрај забраната за влез.
