Сообраќај

МВР: 123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

28.07.2024 09:18

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 37 санкции, за возење без возачка дозвола 12 мерки, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.