Расте извозот на земјоделските производи

06.07.2014 15:59

Новата веб платформа која се подготвува ќе обезбеди навремена продажба на производите, велат агроекспертите...

За два до три месеци земјоделците преку интернет ќе се информираат за цените, пласманот и извозот на земјоделските производи. Новата веб платформа која се подготвува ќе обезбеди навремена продажба на производите, велат агроекспертите. Според Федерацијата на фармери ова ќе ги намали манипулациите со откупните цени. Ќе се пратат цените на доматот, пиперката, краставица, јаболкото, модрата слива, праската и црешата.

„Го следиме проблемот со откупот. Имаме сознанија дека откупот на бостанот во струмичко и Вландовско гевгелискиот регион се дава цена која оди надолу,поради тоа со инспекторатот реагираме“, вели Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.

Овоштарот Јован Велинов произведува праски вели дека сеуште е недоволно домашното прозводствона праски според потребите од Рускиот и Украинскиот пазар.

„Почнуваме со овие две сорти праски. За разлика од лани оваа година очекуваме подобар принос и  квалитет. Последната берба ќе биде во септември“, вели Јован Велинов од Градско.

Во првите четири месеци од годинава извозот на овошјето и зеленчукот споредено со истиот период лани е зголемен за 30 проценти.

„Македонија земјоделски производи извезува во ЕУ, Русија, Скандинавските земји. Годинава поради врнежите може да имаме помало производство на доматот“, вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.  

Ако во 2006-тата година, 242 милиони евра беше извозот на земјоделски производи, лани од извоз биле остварени 500 милиони евра.

Дијана Ценевска