Трамп собра поддржувачи во Минесота
Републиканскиот кандидат Трамп собра поддржувачи во Минесота, држава која не поддржува кандидат на републиканската партија за Белата куќа од 1972 година...

Претседателската кампања влегува во последните критични 100-дена. Републиканскиот кандидат Трамп собра поддржувачи во Минесота, држава која не поддржува кандидат на републиканската партија за Белата куќа од 1972 година. Претходно им порача на христијаните дека нема да мора да гласаат за четири години доколку тој победи на изборите. Неговите противници, пак, го обвинија дека е закана за демократијата.
„Смртоносното уништување на американските граници од страна на Камала Харис е целосно дисквалификувачко за неа да биде претседател. На ниту еден човек кој намерно ослободува вакви дивјачки криминалци чиј што плен се нашата младина и нашиот народ, не треба да му се доверува моќ. Таа нема поим“, изјави Доналд Трамп, републикански претседателски кандидат.
