Пјонгјанг

Северна Кореја ветува целосно уништување на непријателот

28.07.2024 11:29

Северна Кореја вети дека доколку лидерот Ким Јонг Ун, даде наредба во случај на војна, целосно ќе ги уништи своите непријатели...

Северна Кореја вети дека доколку лидерот Ким Јонг Ун, даде наредба во случај на војна, целосно ќе ги уништи своите непријатели. Изјавите кои се резултат на „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја беа дадени за време на состанокот по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна.

Северна Кореја и САД немаат дипломатски врски, а разговорите за намалување на тензиите и отстранување на севернокорејското нуклеарно оружје се во застој од 2019 година.