Одбележување

Под слоганот „Борбата трае“ ќе се одбележи 2 Август – Денот на Републиката

28.07.2024 13:24

Под слоганот „Борбата трае“, Македонија ќе го одбележи големиот празник – Илинден...

Под слоганот „Борбата трае“, Македонија ќе го одбележи големиот празник – Илинден. Претседателката Сиљановска-Давкова ќе го посети манастирот Св. Прохор Пчињски и ќе има обраќање во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Таа ќе говори за историското значење на празникот и за важноста од зачувување на националниот идентитет и на традициите. Премиерот Мицкоски ја предводи делегацијата на Мечкин Камен, каде ќе има говор и ќе им оддаде почит на хероите кои ја одбележаа нашата историја. Собранискиот спикер Гаши ќе се обрати пред Собранието и ќе положи цвеќе на споменикот на Ченто на плоштадот.

„Со слоганот „Борбата трае“ сакаме да ја пренесеме пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци“, информира Владата.