Голем интерес за огласите за јавни функции

06.07.2014 15:09

До 20-ти јули може да се аплицира на огласите на Собранието, а краен рок за пријавување за раководни позиции на огласот од град Скопје е 25-ти јули.

Голем е интересот за огласите за ангажирање лица за повеќе јавни функции во македонското Собрание и во град Скопје.
 
Најатрактивни се функциите  Генерален секретар и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Не помалку атрактивни се и огласите за секретар на Комисијата за одлучување во управна постапка, за Директор на дирекцијата за заштита на лични податоци, за Претседатели на управни одбори на повеќе агенции. 
 
До 20-ти јули може да се аплицира на огласите на Собранието, а краен рок за пријавување за раководни позиции на огласот од град Скопје е 25-ти јули. 
 
Голем интерес има и за двата огласи за раководни и нераководни позиции и за советници во повеќе области што ги објави кабинетот на премиерот. На овие огласи може да аплицираат до 14-ти овој мецес. 
 
Ангажирањето на новите лица е во функција на проширување на човечкиот потенцијал на кабинетот на премиерот потребен за реализација на владината програмата за периодoт 2014-2019.