Македонија

Со кампања „Делувај сега, за природата“ ќе се заштитуваат шумите

28.07.2024 15:48

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска, во парк-шумата „Гази Баба“ го означи почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска, во парк-шумата „Гази Баба“ го означи почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“. По тој повод, тој истакна дека оваа иницијатива има цел да ја заштити и да ја зачува животната средина, потсетувајќи ги сите колку е важно да дејствуваме сега за да обезбедиме позелена и поздрава иднина.

„На овој настан за започнување на кампањата ни се придружија многу граѓани, љубители на природата, еколошки активисти и претставници на невладини организации. Присуството на толку многу мотивирани и посветени луѓе беше јасен показател дека заедно можеме да донесеме големи промени, кои се неопходни за животната средина. Денеска, заедно, на овој убав, летен ден, насадивме дрвца, ги исчистивме јавните површини, поставивме нови корпи, кои го одвојуваат отпадот на посебни места за да може да се рециклира, а ги обележавме и спортските терени. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија и силно чувство за заедништво, кога сите придонесоа за една заедничка цел: заштита на природата“, рече Меџити.

Иницијативата „Дејствувај сега, за природата“ е повик до сите нас да бидеме посвесни и да преземеме конкретни активности за зачувување и за подобрување на нашата животна средина.