Економија

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното

28.07.2024 15:56

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре најави прес-конференција на која, како што наведува, тема ќе биде цената на парното...

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре најави прес-конференција на која, како што наведува, тема ќе биде цената на парното.

Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април, а на системот за парно греење во Скопје се приклучени 63.000 домаќинства. Од нив, најмногу 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север.