Формула 1

Апсурдно, фалат уште прскалки, пречки и киндер јајце

10.12.2013 20:25

Реакции по новите правила на ФИА за 2014

Не стивнуваат реакциите на возачите, новинарите и на сите инволвирани во Формула 1 спортот по објавата на новите правила за сезоната 2014-та во најбрзиот спорт.

Додека сите генерално се согласни дека изборот и постојаноста на броевите на возачите и болидите се во ред, реакциите се главно на правилото на последната трка во сезоната да се освојуваат двојно повеќе поени.

Актуелниот светски првак Себастијан Фетел вели дека тоа е апсурдно и на тој начин се  казнуваат сите што напорно работеле во текот на сезоната.

Дел од пилотите и особено новинарите што ја следат Формула 1 беа уште покритични па дури и се потсмеваат на новото правило.

Така, можеше да се слушнат предлози како од Ф1 репортерот на Дејли Мејл-Симон Кас,  место првиот, на пример петтопласираниот да добие сто поени и киндер јајце, Мартин Брандл новото правило го нарече одговор на прашање што никој не го поставил, а британскиот новинар за 2012-тата  Кевин Исон правилото го опиша со еден збор-глупост.

Еден од оргиналните предлози за зголемување на неизвесноста на трките е и можноста да се инсталираат прскалки што ќе симулираат дожд, а и евентуално да се постават пречки како на атлетските патеки.

 

 

Зоран Видевски