МВР

МВР ќе ја проверува работата на Државна лотарија, оформен е предмет

28.07.2024 18:13

Полицијата ќе го проверува работењето на Државна лотарија откако во јавноста излегоа информации дека незаконски давала лиценци за приредување онлајн игри на среќа иако не смеела да го прави тоа бидејќи и била истечена лиценцата...

Полицијата ќе го проверува работењето на Државна лотарија откако во јавноста излегоа информации дека незаконски давала лиценци за приредување онлајн игри на среќа иако не смеела да го прави тоа бидејќи и била истечена лиценцата.

-Во врска со случајот со „Државна лотарија“, Ве информираме дека по добиено известување од Министерството за финансии, во ОСОСК (оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал) во координација со ОКП (оддел за криминалистичка полиција) оформен е предмет и започната е постапка за проверка на информациите за незаконско издавање на лиценци за приредување игри на среќа од страна на „Лотарија на Македонија“, потврдија од МВР.

Работењето на Лотарија ќе се проверува, откако претходно по барање на Министерството за финансии Владата одзеде лиценци на две фирми за приредување игри на среќа, едната од Струмица и едната од Скопје. Лиценците, како што информираа надлежните, им биле одземени за незаконско работење и неподмирување на законските давачки.

Премиерот Христијан Мицкоски, на 26-ти овој месец, одговарајќи на новинарско прашање за одземањето на две лиценци на компании за игри на среќа, рече дека станува збор за фирми кои работеле незаконски и не плаќале данок.