МВР

Залутан куршум заврши во паркирано „ауди“ во кумановско Романовце

28.07.2024 19:00

Вчера во 11.39 часот во СВР Куманово, Н.Ј.(59) од с. Лопате, кумановско, пријавил дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки...

Вчера во 11.39 часот во СВР Куманово, Н.Ј.(59) од с. Лопате, кумановско, пријавил дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Е.Н.(37) од с. Романовце, кумановско, а кое било паркирано во неговиот двор.

Полициски службеници од СВР Куманово го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.