Временска прогноза
Сончево и топло време
29.07.2024 08:10
Ќе преовладува сончево и топло време, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен дожд ...

Ќе преовладува сончево и топло време, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Утринските температури се движат од 11 до 20, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 30 и 40 Целзиусови степени. И во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 38 степени.
