МВР
МВР: 111 санкционирани возачи во Скопје
29.07.2024 08:44
На територија на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
