ЦУК: 24 пожари на отворено, од кои пет се активни, три се под контрола и 16 се изгаснати во последното деноноќие
ЦУК информира, имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои пет се активни, три се под контрола и 16 се изгаснати во последното деноноќие, согласно информациите добиени од регионалните центри за управување со кризи.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.376 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ биле 62,33%, а 37,67% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 64,33%, кон Итната медицинска помош 20,81%, кон пожарникарите 11,46%, а кон АМСМ 0,21% од реалните повици на 112.
Според ЦУК, имало и 910 повици за итни случаи на 112 што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,18%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (37,67%).
Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка и директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.
Вчера, информира ЦУК, имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои пет се активни, три се под контрола и 16 се изгаснати во последното деноноќие, согласно информациите добиени од регионалните центри за управување со кризи.
Активните пожари на отворен простор се во: Општина Лозово, кај с. Бикирлија, месност „Убого“, Општина Градско и кај Јаношево, Општина Неготино, каде гори ниска вегетација, Општина Македонски Брод, кај с. Тажево и с. Брезница, крак од пожарот кон ЈП „Јасен“ во правец кон месноста „Раставувачи за струја“ каде е зафатена борова шума, Општина Кочани, кај с. Главовица гори мешана шума, Општина Долнени, кај с. Долгаец и Маргари каде е зафатена висока трева и мешана деградирана шума и во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и с. Плаќе каде интервенирале 4 пожарникари од ТППЕ, 16 од ЈП „Национални шуми и 5 луѓе од месното население, а гаснеле запалена ниска вегетација).
Трите пожари под контрола се во: Општина Старо Нагоричане, кај с. Ругинце каде горела ниска и мешана шума и во Општина Штип, кај с. Цршка каде горела ниска вегетација и во Општина Македонски Брод, кај с. Латово и с. Русјанци каде била зафатена мешана шума.
