Мицкоски денес на средба со претседателот на Стопанска комора
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија во просториите на Стопанска комора, потоа со Владо Мисајловски ќе присуствуваат на изведување на вежба во штипската касарна, а ќе се презентираат и JLTV возилата...

Денеска во 10:00 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија во просториите на Стопанска комора на Северозападна Македонија (Димитрија Чуповски 13, Скопје).
Додека потоа во 13:00 часот Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски ќе присуствуваат на изведување на вежба во штипската касарна, а ќе се презентираат и JLTV возилата.
