Кореја

Евакуација во Северна Кореја на 5.000 жители во области погодени од поплавите

29.07.2024 09:30

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите погодени од поплавите во близина на реката Амнок на северот на земјата и ја насочи операцијата за спасување на околу 5.000 жители користејќи воени хеликоптери...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите погодени од поплавите во близина на реката Амнок на северот на земјата и ја насочи операцијата за спасување на околу 5.000 жители користејќи воени хеликоптери, објавија утринава севернокорејските државни медиуми.

Медиумите објавија дека Ким во неделата ги посетил областите во провинцијата Северен Пјонган кои се погодени од поплави по рекордните врнежи на северот на земјата.

Врз основа на наредбата на Ким, воздухопловните сили мобилизираа десетина хеликоптери за евакуација на околу 5.000 жители, пишува Јонхап.

Ким ги обвини релевантните службеници дека не ја спречиле штетата од поплавата.