Блиски исток

Израел го обвини Хезболах за истрелување на иранска ракета, во која загинаа млади лица

29.07.2024 09:47

Израел го обвини либанското движење Хезболах за истрелување на иранска ракета Фалак-1, но групата поддржана од Иран, која редовно ги гаѓа израелските воени позиции, нагласи дека „нема врска“ со инцидентот...

Како одговор на ракетниот напад од Либан во кој загинаа млади лица на окупираната од Израел Голанска висорамнина, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вети дека „ќе го погоди силно непријателот“, додека премиерот на таа држава Бенјамин Нетанјаху го прекина своето патување во САД за да се справи со кризата.

Израел вчера вети дека ќе го „погоди силно непријателот“ откако во ракетен оган од Либан загинаа 12 млади луѓе на Голанската висорамнина, анектирана од Израел и ги разгоре стравувањата дека војната во Газа ќе се прошири.

Иран го предупреди Израел дека секоја нова воена „авантура“ во Либан може да доведе до „непредвидени последици“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди ракетниот истрел во саботата и ги повика сите страни на „максимална воздржаност“.

Израел го обвини либанското движење Хезболах за истрелување на иранска ракета Фалак-1, но групата поддржана од Иран, која редовно ги гаѓа израелските воени позиции, нагласи дека „нема врска“ со инцидентот.