Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена
Леонид Индов, вчера доцна попладне, со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) е пренесен од Виена до Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК)...

Леонид Индов, вчера доцна попладне, со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) е пренесен од Виена до Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Леонид е транспортиран со хеликоптерот на МВР, во кој се става специфична медицинска опрема, а во леталото е присутен и медицински персонал.
Од ЦУК велат дека транспортот на Леонид од Виена до Скопје бил побаран од неговиот татко на 10 јули годинава, а по координација помеѓу министерствата за внатрешни работи и за здравство на барањето било позитивно одговорено.
Леонид Индов минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, при што повреди повеќе ’рбетни пршлени. Дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите.
Од ЦУК велат дека ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија односно со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер.
