Енергетика

РКЕ денес треба да ја соопшти цената на парното

29.07.2024 11:10

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти цената на парното...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти цената на парното. Од РКЕ за МИА велат дека претходно се очекува да биде одржана седницата на која ќе се донесе одлуката. РКЕ потврди и дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика.

Клучно е да се напомни дека просечната цена на гасот е значајно пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа грејна сезона нема да има. Анализите се во тек. Се очекува одржување на главната седница денеска, каде одлуката ќе се донесе. Инаку, над 90 отсто скопјани добиваат парно од државната ЕСМ која обединува три фирми-ќерки со снабдување, производство и дистрибуција, а тука се и топланата „Скопје Север“ и Енергетика – истакнуваат од РКЕ.