Продолжува седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи со амандманска расправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, откако во саботата, по три дена работа, ја заврши општата расправа...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи со амандманска расправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, откако во саботата, по три дена работа, ја заврши општата расправа. Амандманската расправа, за која се поднесени 58 амандмани, ќе трае шест дена.
Во текот на општата расправа во дискусиите на пратениците од владејачките партии можеше да се чујат обвинувања дека минатата власт оставила огромна буџетска дупка, која, како што рекоа, сепак ќе биде покриена со домаќинско работење. Опозицијата пак ја обвини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и оти давала лажни ветувања во предизборието.
За власта ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а за опозицијата показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата.
