Протест
Протести на патот Градско-Прилеп
29.07.2024 12:27
Жителите на Ореовец по 3 месечни блокади на влезот на селото, денеска барикадите ги преселија на магистралниот пат со цел да го свртат вниманието на надлежните, затоа што велат каменоломите им ја загадуваат животната средина и изворите со вода...

Жителите на Ореовец по 3 месечни блокади на влезот на селото, со кои тие го попречуваат ископот на градежен материјал на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатиштата, денеска барикадите ги преселија на магистралниот пат со цел да го свртат вниманието на надлежните, затоа што велат каменоломите им ја загадуваат животната средина и изворите со вода.
Досега побарале средби со претставници од ЈП за Државни патишта и со Министерството за транспорт и врски, но, досега одговор нема.
