РКЕ

Од 1-ви август поевтинува цената на парното

29.07.2024 12:47

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска цена за парно греење. Дали намалувањето ќе биде поголемо или помало зависи дали ќе продолжи државното субвенционирање или не...

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска цена за парно греење. Дали намалувањето ќе биде поголемо или помало зависи дали ќе продолжи државното субвенционирање или не. Доколку продолжат субвенциите, за околу 60.000 корисници намалувањето ќе биде 17 отсто, а доколку прекине субвенционирањето тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки за парно. За 1,71 отсто се намалува цената за потрошувачите на топланата „Скопје-Север“ и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.

Ова го соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој истакна дека цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани и дека тој смета дека нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата пресметана во фактурите на граѓаните.