Ракомет

Словенија ја запиша првата победа на ЛОИ против Хрватска

29.07.2024 13:04

Селекцијата на Словенија ја запиша првата победа на Олимписките игри, откако славеше во балканското дерби против Хрватска со 31-29...

Селекцијата на Словенија ја запиша првата победа на Олимписките игри, откако славеше во балканското дерби против Хрватска со 31-29. Иако Хрватите имаа водство од четири гола во првиот дел, дозволија Словенците да се вратат во егал меч уште до паузата, а потоа во второто полувреме полека го кршеа хрватскиот отпор и кога поведоа со четири, веќе беше доцна за камбек за момците на Сигурдсон.

Хрватите подобро влегоа во натпреварот, во првата половина од првиот дел три пати имаа предност од четири гола, која упорните Словенци благодарение на Влах успеаја да ја анулираат до крајот на првиот дел.