Владата децидна, заемот ќе придонесе за раст на домашните компании
Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат. Зашто е тоа интерес-затоа што колку тие побрзо ќе растат, колку по робустно ќе растат толку повеќе приходи ќе имаат во самиот буџет, а колку повеќе приходи ќе имаат толку повеќе инвестиции, изјави Мицкоски ...

Придобивките за бизнис секторот од унгарската кредитна линија претставени пред стопанствениците од Комората на северо-западна Македонија. Со каматна стапка од 3,25 насто, 15 години отплата и грејс период од три – парите ќе бидат финансиска инјекција во домашната економија – смета премиерот Мицкоски.
Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви закон и да ги дефинира критериумите по кои ќе аплицираат фирмите. Бизнисмените се задоволни.
Владата е децидна дека заемот ќе придонесе за раст на домашните компании, но истовремено најави и формирање на тело кое треба да утврди дали имало злоупотреба на буџетски пари во распределбата на поддршката за компаниите во периодот на епидемијата од Ковид-19.
Анита Димитријевска-Велковска
