Пониска цена на парното од 1-ви август
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска цена за парно греење. Дали намалувањето ќе биде поголемо или помало зависи дали ќе продолжи државното субвенционирање или не...

Од први август домаќинствата ќе добиваат пониски сметки за парно реши Регулаторната комисија за енергетика. За 3,16 проценти е намалувањето кај корисниците на ЕСМ, 1,71 насто за топланата Скопје – Север и за 0,5 за корисниците на ЕСМ енергетика. Кај 1.200 институции сметките ќе бидат пониски за 17 проценти.
Одлуката е без субвенциите од Владата и поради стабилизација на цените на енергенсите, вели претседателот Бислимовски. Со ова не се согласуваат енергетски компании кои бараат цената на парното да порасне за 50 проценти.
Бислмовски со апел до надлежните веднаш да го постават цевководот под мостот „Беласица“. Тврди дека топлинска енергија ќе има, но ќе се зголемат трошоците.
Од почетокот на енергетската криза цената на парно беше субвенционирана од Владата за што биле потрошени 12 милиони евра.
Викторија Милевска
