Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, власта и опозицијата со спротивставени ставови
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по ребалансот на буџетот за 2024 година, откако во саботата, по три дена работа, ја заврши општата расправа. Амандманската расправа, за која се поднесени 58 амандмани, ќе трае шест дена...

Комисијата за финансирање и буџет ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена. Поднесени се 58 амандмани од СДСМ, ДУИ И ЛЕВИЦА.
Во текот на расправата власта и опозицијата со различни ставови за тоа дали буџетот е развоен, дали се крати од капиталните инвестиции, според опозиција се намалени парите за проектите за развој на образованието и здравството. Опозицијата пак ја обвини новата власт дека овој ребаланс е показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата. Според нив владата нема разбирање за потребите на граѓаните и оти давала лажни ветувања во предизборието. Побараа со амандмани повеќе средства за исплата на платите и придонесите во јавниот сектор.
Претставникот на Владата заменик-министерот за финансии посочи дека во ребалансот се предвидени средства за законските обврски, кои биле проектирано но пари немало предвидени пари за социјалната заштита, за плати, пензии или за инфраструктура.
За парламентарното мнозинство ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата.
Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.се очекува во втората недела од август да помине ребалансот и на пленарна седница.
Игор Панов
