ЕУ

Европската комисија пред избор на комесарите во септември

29.07.2024 16:56

Европската комисија е пред избор на комесарите во септември, но и пред постојан предизвик со претседавањето на Виктор Орбан. Веќе беше најавено дека неформалниот состанок на министрите за надворешни се преместува во Брисел наместо во Будимпешта. Унгарскиот премиер им одговори-детски потег. Тој смета дека Азија наскоро ќе биде челникот во светските текови. Со ист став е и италијанската премиерка Мелони...

Така и се одвиваат работите, патриотите за Европа, сочинети од водечките партии во Унгарија, Франција, Чешка, Австрија и Италија, дел од новиот Европски парламент, веќе дејствуваат во повеќе правци, но стратегискиот е Азија, попрецизно Кина. Откако Орбан беше критикуван од Брисел поради неговата заложба за мир во Украина преку Пекинг, следуваше нов жолт картон за Будимпешта. Гимних, популарниот неформален состанок на шефовите на европските дипломатии, да се одржи во Брисел наместо во Будимпешта. Одговорот на Орбан е во барањето на новиот сојузник, Романија, преку поддршката за интеграција во копнената листа на шенген-држави. За мирот во Украина се повеќе во зборува, вели Орбан.

„Европската политика колабираше. Европа безусловно ја следи политиката на САД, воведоа санкции, ја зголемија цената на енергијата и ја направија економијата некомпетитивна. Светот се менува, овој процес почнува од Азија. Азија ќе стане доминантен центар во светот. Кина, Индија, Индонезија и Пакистан и листата се зголемува“, изјави Виктор Орбан премиер на Унгарија.

Европскиот предводник Германија не го менува ставот. Шефот на дипломатијата и одбраната на Унијата е носител на активностите на надворешната политика, не е нејзиниот претседавач, порача Берлин.

„Практично е и е многу јасно, ова е порака од останатите 26 земји. И натаму ги критикуваме своеволните активности на унгарскиот премиер“, изјави Аналена бербок, министерка за надворешни работи на Германија.

Трамп е пред портите на Белата куќа и треба како унија да ја разбереме новонастанатата состојба, рече создавачот на патриотите за Европа. Од истата групација е и италијанската премиерка Мелони, којашто на средбата со кинескиот претседател најави повторно воспоставување на релациите Рим-Пекинг.

„Од оваа гледна точка, Италија може да одигра значајна улога во однос на релациите на кина со Европската унија. Да се воспостават што поурамнотежени трговски односи“, изјави Џорџа Мелони, премиерка на Италија.

Рим и Пекинг потпишаа тригодишен трговски договор, Италија се врати во кинеската иницијатива појас и пат.

 

Зоран Богатинов