АРМ

Нови возила за пешадискиот баталјон

29.07.2024 17:29

Нови лесни оклопни возила за пешадиски баталјон на македонската Армија кој за две години треба да биде целосно опремен по НАТО-стандардите...

Нови шест лесни оклопни возила пристигнаа во Касарната „Јане Сандански“ во Штип за потребите на лесниот пешадиски баталјон, кој од 2026 година треба да биде целосно опремен по НАТО стандардите и подготвен за операции и мисии во случај на потреба. Во процес на набавка се нови 38 лесни оклопни возила

Новите армиски возила доаѓаат непосредно по НАТО самитот. Ова е потврда за нашето пријателството, но и за посветеноста на Северна Македонија кон НАТО алијансата, истакна американската амбасадорка

Македонија, заедно со САД и останатите сојузници неколку години вршат тренинг, обука и модернизација на лесниот пешадиски баталјон согласно НАТО стандардите, што е дел од долгорочниот план за развој на одбранбените способности на македонската армија.

 

Славица Величковска