Скопје

Повторно се запали автобус на ЈСП

29.07.2024 17:51

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската општина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје...

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската општина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел.

Станува збор за автобус ЛАЗ од украинско производство. Во автобусот немало патници.