МВР
Повредени мотоциклисти во сообраќајка кај Пресека
29.07.2024 17:59
На 28.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа...

На 28.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управуван од М.М.(44) од Виница, со живеалиште во Швајцарија и мотоцикл „КТМ“ со винички регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(29) од Виница, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.М., а со телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
