Земјоделство

Добри услови за жетва

07.07.2014 10:08

Временските услови се погодни за жетвените активности. Истовремено високите температури добро ќе влијаат и на пролетните култури...

Затоплувањето во наредниот период и прогнозите за ретки услови за нестабилност ќе овозможи оптимални услови за жетвата на есенските култури. По дождливите и влажни денови земјоделците забрзано го користат овој период да ја соберат летнината од нивите.
 
Повисоките температури ќе овозможат и забрзан развој на пролетните култури, на кои им недостасуваше топлина.
 
Опасноста од болести и штетници останува, но не треба да се запостават и плевелите кои поради влажната пролет ги има во изобилство, особено кај пролетните култури, лозовите и овошните насади.
 
 
 
Методија Трајков