МВР
Семејна драма во светиниколско, се степале татко и син
29.07.2024 18:17
Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Свети Николе 20-годишник пријавил дека во светиниколско село, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од неговиот 54 – годишен татко...

Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Свети Николе 20-годишник пријавил дека во светиниколско село, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од неговиот 54 – годишен татко.
Во врска со случајот, во 10.20 часот, 54-годишно лице пријавило дека по вербална расправија неговиот 20-годишен син го нападнал со тврд предмет, нанесувајќи му тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
