Иницијативата за Албанска академија на науките и уметностите ја разбранува јавноста
Идејата за Албанска академија на науките и уметностите ја разбранува јавноста. Владината коалиција која е со различни ставови по ова прашање, вели дека ќе разговара за ова прашање. Премиерот смета дека МАНУ е отворена за сите националности, а Меџити пак очекува повеќе вработен кадар во академијата. МАНУ порача - отворени сме за сите...

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, ние ја имаме Македонската академија на науките и уметностите во чии рамки се собрани научници од различни етнички припадности. Ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски за иницијативата на „Вреди“ за формирање на албанска Академија. Иднината треба да ја градиме во насока на обединувањето, а не на поделбите, изјави Мицкоски.
МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите политички партии, став на опозициската СДСМ.
Според креаторите на иницијативата од коалицијата „Вреди“, нема ништо лошо во тоа да се разговара за научни и уметнички идеи. Се надеваат дека оваа инцијатива ќе резултира со заеднички прифатливо решение за сите засегнати страни.
Претставниците на „Вреди“ викендов имаа средба со здружението Албанска академија на науките и уметноста од Тетово. Од таму најавија активности во насока ова здружение да стане јавна установа.
Марија Котовска
