Свет

Британската полиција уапси маж кој избоде најмалку осум лица

29.07.2024 19:05

Британските служби за итни случаи во понеделникот (29 јули) соопштија дека еден маж е уапсен откако најмалку осум лица, вклучително и деца, беа избодени со нож во Саутпорт, северозападна Англија, што премиерот го нарече „длабоко шокантно“...

Британските служби за итни случаи во понеделникот (29 јули) соопштија дека еден маж е уапсен откако најмалку осум лица, вклучително и деца, беа избодени со нож во Саутпорт, северозападна Англија, што премиерот го нарече „длабоко шокантно“.

Службата за брза помош соопшти дека лекувала осум пациенти со повреди со нож кои биле пренесени во три различни болници, вклучувајќи ја и детската болница Алдер Хеј.

Полицијата соопшти дека го уапсила мажот и го запленила ножот откако била повикана да интервенира. Поширока закана за јавноста немаше, се додава во полициското соопштение.