САД

Трамп се согласи да разговара со ФБИ за обидот за атентат врз него

29.07.2024 20:49

Американскиот претседателски кандидат и поранешен жител на Белата куќа, Доналд Трамп, се согласил на интервју со Федералното истражно биро (ФБИ) како дел од истрагата за обидот за негов атентат во Пенсилванија, објави ФБИ...

Американскиот претседателски кандидат и поранешен жител на Белата куќа, Доналд Трамп, се согласил на интервју со Федералното истражно биро (ФБИ) како дел од истрагата за обидот за негов атентат во Пенсилванија, објави ФБИ.

Наведено е дека разговорот со жртвата е дел од вообичаениот протокол за време на истрагата, пренесува АП.

Сакаме да ја добиеме перспективата на Трамп за она што го забележал, изјави агентот на ФБИ задолжен за истрагата Кевин Розек.