Едно лице загина во пожарот што го зафати кумановското село Кокошиње
Возрасен маж почина во кумановското село Кокошиње, задушен од чад. Оваа информација вечерва ја сподели Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека сопругата на починатото лице е успешно евакуирана...

Возрасен маж почина во кумановското село Кокошиње, задушен од чад. Оваа информација вечерва ја сподели Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека сопругата на починатото лице е успешно евакуирана.
Во видеоизјава Ангелов информира дека во текот на денешниот ден имало над 30 пожари на отворено.
-Покрај оние пожари, кои во текот на вчерашниот ден продолжија да горат и денеска, околу пладне се појавија повеќе од 15 пожари на отворено, коишто поради ветрот со голема брзина почнаа да се шират и зафатија повеќе села, кои се безмалку напуштени, со малку жители или без жители. Меѓутоа, 15 села беа зафатени од пожарите на отворено, рече Ангелов.
Информира дека на територија на Општина Куманово биле зафатени три села од пожарите – Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има претежно викендички.
-Во овие села се изгорени по неколку куќи, претежно стари куќи. На територија на Старо Нагоричане од пожарите се зафатени три села – Малотино, Руѓенце и село Коњук во коишто исто така има малку жители, и немам информација колку од куќите се стари и напуштени, а колку се населени, рече Ангелов.
