Електронско управуање со документи за поефикасна администрација
07.07.2014 10:36
Нема турканици покрај шалтерите, се запазуваат роковите за процесуирање на предметите...

Со системот за електронското управување со документи во државните институции се олеснети постапките за добивање документација.
Нема турканици покрај шалтерите, се запазуваат роковите за процесуирање на предметите.
Системот е надграден, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе ги претстави новитетите за подобрување на ефикасноста, намалување на времето и трошоците за управување со документите.
Проектот, кој започна да се имплеменира во 2009 година, предвидува државните службеници во 21 државна институција преку унифициран систем електронски да ги креираат и управуваат сите видови документи.