Собрание

Посета на Касандра Фернандо, претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија

30.07.2024 08:00

Од Парламентот на Австралија, Касандра Фернандо, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија...

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија, Касандра Фернандо, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија.

Како што е наведено на собранискиот сајт, таа ќе оствари средба со потпретседателката на Собранието Весна Бендевска.

Фернандо, исто така ќе се сретне и со претседателот на пратеничката група на Собранието на Северна Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, Љупчо Пренџов, и со членовите.